За Здружението

 

 

Согласно Програмата и Статутот на Здружението ЛЕШОК, а на предлог на Комисиите, Извршниот одбор предвидува во текот на 2005 година да се остварат следните активности:

П Л А Н
НА АКТИВНОСТИ НА ЗДРУЖЕНИЕТО ВО 2005 ГОДИНА


1. Продолжување со реконструкција на патната мрежа во Лешок. Овој проект е од поголем обем па затоа неговата реализација планираме да се изврши во повеќе фази и да трае повеќе години.
2. Реализација на проектот „Младите и преданијата од Лешок и соседните села“, поддржан од Институт Отворено Општество на Македонија. Проектот има мултиетнички карактер на тој начин што со него се опфатени и села, населени претежно од албанската заедница, како: Џепчиште, Слатина, Теарце, Непроштено и Глоѓи. Сите споменати села дадоа безрезервна поддршка на проектот. Негова основна цел е младите од Лешок и соседните села меѓусебно да се запознаат, зближуваат и дружат.
Веруваме ќе се согласите дека овој проект е од големо значење не само за тој крај туку и пошироко, за Македонија со оглед на неговиот карактер. За негово успешно реализирање оценивме дека е потребно да се ангажира лице во Лешок кое ќе биде активно вклучено додека трае овој проект и проектот што го поддржа Агенцијата за млади и спорт, кој подолу ќе го споменеме.
За таа цел, потребни ќе бидат средства во висина од 65.000 денари ( вклучен и персонален данок ) кои во договорот со ФИООМ не се предвидени.
3. Проект за одбележување ликот и делото на Кирил Пејчиновиќ. Одбележувањето на ликот и делото на овој значаен македонски просветител досега беше скромно. Оваа година планираме тоа да биде обележано со организација на прослава, особено поради фактот што годинава се навршуваат 160 години од неговата смрт.
4. Проект “Дообликување на спортско-рекреативниот центар “КОСТОО”. За ова е изготвен детален проект со предмер и пресметка со кој аплициравме кај неколку меѓународни фондации. Очекуваме оваа година проектот да биде поддржан од една од фондациите.
5. Проект “Обновување на Стар Манастир во Лешок”. За реализирање на овој проект, Здружението работи во тесна соработка со Заводот за заштита на спомениците на културата, Полошко-Кумановската Епархија, старешината на манастирот од Лешок и Месната заедница од Лешок и соседните села.
6. Проект “Отворање на музејска поставка во Лешок”, со собирање на стари предмети, карактеристични за животот на населението низ векови во Долно-Полошкиот регион. Овој проект планираме да го реализираме во соработка со Музеј на Македонија, Музеј на Тетовскиот регион и министерството за култура, а очекуваме финансиска поддршка од некоја меѓународна фондација.
7. Помагање на Одбојкарскиот клуб “Лешок” од Лешок.
8. Проект- “Организирање на турнири во одбојка, кошарка и мал фудбал” со учество на млади од Лешок и соседните села: Слатина, Непроштено, Теарце, Ратае,Жилче, Џепчиште, Непроштено, Глоѓи и други села. Турнирите планираме да ги организираме со цел меѓусебно дружење, запознавање и зближување на младите од различен етнички и верски состав. Со овој проект аплициравме кај Агенција за млади и спорт од која деновиве добивме известување дека проектот го поддржува.
9. Други понезначителни активности

Скопје, Февруари 2005 год.
Здружение ЛЕШОК

За реализирање на зацртаните плански активности во текот на 2005 година, Здружението ЛЕШОК планира да се реализираат следните приходи и расходи:


ФИНАНСИСКИ ПЛАН

на Здружението “ЛЕШОК” за 2005 година

I. ПЛАН НА ПРИХОДИ

!. Приходи од донации од правни и физички лица 370.000
2. Поддржани проекти за реализација во 2005 год. 270.000
-Проект поддржан од СОРОС 170.000
-Проект поддр од Агенц за млади и спорт 100.000
3. Проекти што се очекува да се поддржат и реализи-
раат во 2005 година 350.000
4. Приходи од Министерство за финансии 320.000
5. Приходи од членарина 35.000
_______________________________
ВКУПНО ПРИХОДИ 1.345.000


II. ПЛАН НА РАСХОДИ ( ТРОШОЦИ )
1. Кирија 50.400
2. Книговодствени услуги 36.000
3. Телефонски услуги и интернет 51.600
4. Електрична енергија со затоплување 12.000
5. Надомест за работа 84.000
6. Персонален данок 15.000
7. Материјални и други трошоци 120.000
8. Трошоци за реализација на проект “Попра. на улици
во Лешок” ( наш дел ) 150.000
9.Трошоци за реализација на проект , поддржан од
Агенција за млади и спорт 100.000
10.Трошоци за реализација на проект СОРОС 170.000
11.Проект за одбележување на ликот и делото на Кирил
Пејчиновиќ ( наш дел ) 50.000
12.Поддршка на Одбојкарскиот клуб “ЛЕШОК” 60.000
13. Трошоци за реализација на проекти што се очекува
да се поддржат и реализираат во 2005 година. 446.000
_____________________________________
ВКУПНО РАСХОДИ 1.345.000

Скопје, Февруари 2005 год.
Здружение “ЛЕШОК”

 

АКТИВНОСТИ НА ЗДРУЖЕНИЕТО ЛЕШОК
ВО 2004 ГОДИНА

Во 2004 година Здружението ЛЕШОК работеше на реализација на повеќе ектни задачи од кои ќе ги споменеме само некои:

1. Продолжување со реконструкција на патната мрежа во Лешок. За оваа цел, Здружението издвои 86.000 денари. Реконструирани се улици во должина од 170 метри. Овој проект е поддржан и од локалната самоуправа- Теарце, со нивно учество во набавка на БЕХАТОН плочки во висина од 50% од вредноста, како и од месното население од Лешок со работна рака и обезбедување на песок.
2. Обука на жени за рачна изработка на предмети со техниката “зураф”. Испратени се 5 жени од Лешок во Велес на совладување на оваа техника, кои со успех ја завршија обуката.
3. Обука на млади лица за совладување на вештини за изработка на проекти. Здружението овозможи обука на 6 млади лица од Лешок преку семинари кои ги организираа “Институт Отворено општество на Македонија” и “Македонски центар за меѓународна соработка”.
4. Активно учество во организација на ревијалниот дел на Тетовски фолк фест кој минатата година се одржа во Лешок под покровителство на Претседателот на Соранието на Република Македонија, господинот Љупчо Јордановски.
5. Учество на саеми. Минатата година Здружението учествуваше на повеќе саеми на невладини организации од кои овде ќе ги споменеме Саемот “Ем можам ем умеам” што се одржа на кејот на реката Вардар и Саемот на Невладини организации што го организираше “Македонски центар за меѓународна соработка “. На овие саеми беа претставени рачните изработки, изработени од вештите раце на лешочките жени. Исто така , млади лица од Лешок учествуваа на предавањата што се одржуваа на саемот на невладини организации.
6. Помагање на Одбојкарскиот клуб “ЛЕШОК” од Лешок. Клубот работи и опстојува веќе 34 години и со голем успех се натпреварува во Првата одбојкарска лига. Неговата работа се базира исклучиво на аматерска основа, без ниеден постојан спонзор досега.
7. Здружението имаше реализирано и многу други активности кои не ги опфаќаме во овој материјал.


Во продолжение даваме и Преглед на приходи и расходи на Здружението во текот на 2004 година и тоа по основни видови и тоа:

ПРИХОДИ

на Здружение ЛЕШОК во 2004 година во денарски средства

Приходи од донации во денарски средства 540.320
Приходи од членарина 21.800
Приходи од камати 749
Салдо на жиро сметки на 01.01.2004 36.463
_______________________________
ВКУПНО 599.332

РАСХОДИ

Трошоци за кирија 11.388
Трошоци за телефон 45.903
Трошоци за книговодствени услуги 32.058
Надомест за работа во Здружение 80.500
Персонален данок 14.202
Помош на Одбојкарски клуб ЛЕШОК 40.000
Набавка на книги(Монографија Лешок и Низ македонска земја) 22.080 Поддршка на “Тетовски фолк фест 2004” 21.330
Трошоци за директно интернет поврзување со Детроит 11.000
Набавка на сувенири 20.150
Учество на НВО саем 3.560
Трошоци за обука на лица ( учество на семинари ) 3.150
Провизија на банки 4.640
Трошоци за реклама и пропаганда 11.326
Трошоци за угостителски услуги 20.299
Поштенски услуги 15.792
Канцелариски материјали 20.625
Други материјални трошоци 69.196
___________________________________________
ВКУПНО РАСХОДИ 447.199
Салдо на жиро сметки на 31.12.2004 година 152.133
___________________________________________

РЕКАПИТУЛАЦИЈА

ПРИХОДИ ВО ДЕНАРСКИ СРЕДСТВА 599.332
ПРИХОДИ ВО МАТЕРИЈАЛНИ СРЕДСТВА 306.160
__________________________________________
ВКУПНО ПРИХОДИ 905.492

 

 

Ве известуваме дека во текот на месец декември младите од Лешок формираа Младински актив, за што го објавуваме Записникот од основачкиот состанок и три фотографии од состаноците на младите од Лешок.


ЗАПИСНИК

од основачкиот состанок на Активот на млади од Лешок


На ден 10.12.2004 година Младите од Лешок одржаа состанок во просториите на Месната заедница. Состанокот беше закажан од Иницијативниот одбор со следниот

Дневен ред:

1. Конституирање на претседателство, избор на заменици и членови на потесното раководство

На состанокот беа присутни преку 20 млади од Лешок.

После дискусијата на повеќето младинци сеукажа на потребата од формирање на Актив на млади и организирано делување. Посебно се нагласи потребата од организирано делување во овој постконфликтен период и потребата од комуницирање и на младите од разните етнички средини на спортско и културно поле. Неколку млади укажаа и на укажаната доверба на младите од страна на Фондацијата СОРОС која одобри грант на Здружението Лешок за Проектот ПРЕДАНИЈАТА И МЛАДИТЕ ОД ЛЕШОК И СОСЕДНИТЕ СЕЛА.
Младите едногласно се согласија дека овој Проект им пружа одлична можност на младите од Лешок и соседните села да ги покажат своите организаторски и творечки потенцијали, но за успешно реализирање ке треба да се организираат.

Заклучок:

Откако присутните на состанокот, со многу конструктивен и исцрпен дијалог, ја исцрпија единствената точка на дневниот ред, се пристапи кон гласање, при што едногласно беше конституиран Младинскиот Актив на Лешок со следниот состав:

- претседател
Марина Грујовска 070/681-415

 

 

 

- заменици
Јонче Христоски
Горан Деспотовски 070/857-780
Николина Велјаноска 044/383-073

- членови
Мирослав Богданоски 044/381-867
Борче Јанушевски 070/907-338
Елена Богданоска 070/675-507
Дијана Трајкоска 075/729-454
Ирена Димоска 070/799-497
Кристина Трпкоска 070/263-492
Александар Петров 070/766-087
Далибор Спироски 070/329-679
Борислав Богданоски 044/381-867

- координатор
Ивица Попоски 044/381-067, 075/534-579



 

- технички секретар
Јовица Ковачевски 075/594-000, 044/381-612, 044/336-446

- записничар
Дијана Трајкоска

- надворешни претставници
Јовица Јасрески 070/808-391
Горан Деспотовски 070/857-780
Борче Јанушевски
Гоце Момироски 070/674-610


Лешок, 10.12.2004 година

 


 

ВО ПРЕСРЕТ НА ГОЛЕМИОТ ПРАВОСЛАВЕН ПРАЗНИК ГОЛЕМА БОГОРОДИЦА ВО ЛЕШОК

Здружението ЛЕШОК Ви го честита големиот православниот празник ГОЛЕМА БОГОРОДИЦА, при што, Ве покануваме да дојдете во Лешок на 27, 28 и 29 Август 2004 година , заедно да го прославиме.
Здружението ЛЕШОК се приклучи во чествувањето на Црквата на верскиот празник Голема Богородица, како и на ревијалниот концерт на Тетовскиот фолк фест кој ќе се одржи во (сабота) 28 Август 2004 год. во дворот на Лешочкиот манастир.
Здружението ЛЕШОК заедно со Клубот Лешок од Детроит се приклучија на прославата на празникот, за што изготвија Програма. Имено, се планира прославата да биде три дена и тоа на 27, 28 и 29 Август 2004 година и да се оствари интернет пренос во живо преку АДСЛ линија на Македонските телекомуникации и тоа директно Лешок со Детроит, а преносот би се вршел преку Веб страната на Здружението Лешок: www.lesok.org.mk
Ова, ќе биде за прв пат интернет пренос во живо преку АДСЛ линија од Лешок и од Македонија со странство и преку океанот.
Интернет пренос во живо преку АДСЛ линија на Македонските телекомуникации и Веб страната на Здружението Лешок ( ЛЕШОК со ДЕТРОИТ ) ќе се оствари на 29 Август 2004 г. ( недела - рано сабајле) во времето од 1,оо до 2,оо часот, кога Клубот Лешок ќе организира во Детроит свечена вечера по повод празникот Голема Богородица и поново на 29 Август 2004 г. во времето од 20,оо до 22,оо часот, кога Клубот Лешок е домаќин на иселениците од Македонија на Пикникот во Детроит.
Здружението Лешок заедно со Клубот Лешок од Детроит се организатори и домаќини на емисијата во живо која ќе се емитува диретно од Лешок од страна на Радио Македонија - Глас од татковината во петок на 27 Август 2004 г. во времето од 22,оо до 5,оо часот наутро. Постои можност оваа радио емисија Македонски телекомуникации да ја пренесуваат во живо преку АДСЛ линија со што исто така, за прв пат во Македонија ќе се оствари контакт во живо на Лешок со Детроит и воопшто Македонија со светот.
За време на Богородичните празници, Здружението ЛЕШОК, во рамките на своите активности, планира да ја промовира Wеб страната: www.lesok.org.mk.
Пораки може да испраќате на Е-маил: lesok@mt.net.mk на адреса на Зружението Лешок во Скопје и на Е-маил: lesokv@mt.net.mk на адреса на Клубот Лешок од Детроит, на која ќе се јавуваат нашите иселеници од САД и Канада.
Потоа, Здружението ЛЕШОК планира да промовира свој штанд на 27 и 28 Август 2004 година на кој ќе бидат изложени разни сувенири и рачни ракотворби, календари и др. со мотиви од Лешок и тетовскиот крај, а ќе биде промовирана книгата Селото ЛЕШОК Тетовско 1019 – 2003 од Илија Петрушевски и книгата НИЗ МАКЕДОНСКАТА ЗЕМЈА од Ванчо Меанџиски.
Здружението ЛЕШОК уште еднаш Ви го честита Големиот празник Богородица и Ве повикуваме да дојдете во Лешок, заедно да го прославиме, а за тие што не може лично да присуствуваат, Ве повикуваме да се поврзете на Веб страната на Здружението ЛЕШОК: www.lesok.org.mk, која ќе биде нон стоп отворена и со многу интересни содржини.

Довидување во Лешок.

Здружение ЛЕШОК


 

ИНИЦИЈАТИВЕН ОДБОР
за основање на Здружение за обнова на Лешок
и Лешочкиот манастир „ЛЕШОК” од Скопје

 

Формирање на Здружение Л Е Ш О К  

Причини за основање на Здружението ЛЕШOК

 

По настанатите немири во 2001 година во северозападна Македонија, со вооружени акции беше нападнато и селото Лешок. Како резултат на нападите месното население беше раселено од своите вековни родни огништа и тогаш беа нанесени големи материјални штети на домовите и имотот на месното население, а се извршија и многу грабежи,разурнувања и палења на домовите, како и на културно историските и верски објекти. Населението од Лешок се најде во неописиво дезорганизирана, тешка и просто во безизлезна состојба, во која легалните органи не беа во состојба нормално да ги извршуваат своите функции и да го заштитат месното население.   Согледувајќи ја состојбата многу луѓе размислуваа што треба да се направи и да се помогне да почне да се нормализира животот и да се вратат раселените лица од Лешок и околните места во своите вековни огништа и нормално да живеат, работат и творат.   Со цел да помогнат во дадената ситуација неколку луѓе кои потекнуваат од Лешок, а кои живеат и работат во Скопје, а најнапред Митко Спироски, Иљо Петрушевски, Аце Ацевски, Борчо Спироски и др. покренаа иницијатива за формирање на Здружение кое ќе работи на обединување на луѓето од Лешок и со потекло од Лешок во Републиката и секаде во светот и заедничко делување за ревитализација и обнова на Лешок и Лешочкиот манастир.   Така, на 21 Ноември 2001 година во Основниот суд Скопје 1 беше регистрирано Здружението за обнова и ревитализација на Лешок и Лешочкиот манастир ЛЕШОК на ул. Васил Ѓоргов бр. 2-б во Скопје, од страна на 5-те основачи, при што за прв претседател на основачите беше избран Митко Спироски .     

Основачи беа: 

  1. Спироски Митко - претседател на основачите
  2. Петрушевски Илија
  3. Спироски Живко
  4. Ацевски Ацо
  5. Спироски Борчо
Прилог: Фотографија на основачите          

Активности на Здружението ЛЕШОК во 2002 година

Во текот на 2002 година се извршија многу консултации и припреми на актите за редовно и нормално избирање на органите и комисиите на Здружението ЛЕШОК, при што се зачленија преку 120 лица и се створија услови за свикување на Собир и согласно Статутот да се изберат членовите на Собранието како највисок орган.   На Собирот одржан на ден 21. Ноември 2002 година во Скопје беа избрани 17 членови на Собранието, при што за прв претседател на Собранието на Здружението ЛЕШОК беше избран Митко Спироски , а за заменик беше избран Момировски Благуњ . Собранието е избранио во следниот состав:  
  1. Спироски Митко- претседател на Собранието
  2. Момировски Благуњ- заменик
  3. Поповски Јастре
  4. Бојаровски Џоџо
  5. Миловски Злате
  6. Спироски Стојан
  7. Марковска Верка
  8. Коцевски Дракче
  9. Ивановски Борис
  10. Спироски Б. Мирко
  11. Ристовски Стојче
  12. Васовски Мирко
  13. Ристовски Никола
  14. Мисајловски Младен
  15. Момировски Петко, делегиран од Месната Заедница Лешок
  16. Крстевски Димитрие, делегиран Црквата
  17. Станковски Мирко, делегиран од Црквата

Во текот на декември 2002 година Собранието за прв претседател на Извршниот орган го избра Ацо Ацевски , а за заменик е избран Спироски Борчо. Составот наа Извршниот орган е следниот:  

  1. Ацевски Ацо- претседател на Извршниот орган
  2. Спироски Борчо - заменик
  3. Коцевски Мирко
  4. Васовски Перко
  5. Дамјановски Душко
Собранието за претседател на Надзорниот орган го избра Трпко Ристовски , а за заменик е избран Тодоровски Крсто . Надзорниот орган е во следниот состав:   1. Ристовски Трпо - претседател на надзорниот орган 2. Тодоровски Крсто - заменик 3. Ѓорковски Спасо 4. Ивановски Борислав 5. Тодоровски Мирко    

Активности на Здружението ЛЕШОК во 2003 година

Во текот на 2003 година Извршниот орган во соработка Собранието одржа повеќе седници и покрена и изврши повеќе работи, но најважните работи кои ги заврши е што формира 5 комисии за работа, кои донесоа програми за работа и тоа:     •  Комисија за комунално-урбанистички работи     •  Коцевски Мирко- претседател на комисијата •  Ристовски Петар –заменик •  Ковачевски Ѓоко •  Јовановски Спасо •  Петковски Горан •  Момировски Петко •  Мирчевски Никола •  Пауновски Александар •  Мисаиловски Младен     •  Комисија за култура и односи со верските заедници 

  1. Момировски Борис- претседател на комисијата
  2. Петрушевски Илија – заменик
  3. Митевски Бобан
  4. Спасовски Сашо
  5. Коцевски Дракче
  6. Мисајловски Младен
  7. Спироски Митко
в) Комисија за дијаспора  
  1. Спироски Митко – претседател на комисијата
  2. Мисајловски Малден – заменик
  3. Петрушевски Илија
  4. Спасевски Сашо
  5. Митевски Бобан
  6. Поповски Ивица
  7. Ристовски Стојче
  8. Момировски Јовица
  9. Спироски Огнен
•  Комисија за маркетинг и економија 
  1. Спироски Б. Мирко – претседател на комисијата
  2. Ивановски Борис – заменик
  3. Момировски Благуњ
  4. Спироски Стојан
  5. Томовски Влатко
  6. Андоновски Милан
  7. Коцевски Мирко
  8. Мисајловски Младен
д) Комисија за спорт    
  1. Ацевски Ацо- претседател на комисијата
  2. Дамјановски Душко- заменик
  3. Ристовски Никола
  4. Васовски Перко
  5. Ѓорковски Предраг
  6. Ристовски Жарко
  7. Коцевски Мирко
  8. Спироски Иван
  9. Мирчевски Никола
Со комисиите раководи претседателот на комисијата и секоја комисија донесе програма за работа која е усогласена со Месната заедница во Лешок и со Црквата. Комисијата за дијаспора донесе програма, при што истата соработува со Клубот Лешок од Детроит и со лешаните од Европските држави, а планира да отвори и Клуб Лешок во Берлин Германија и во други држави.   Прилог: фотографија од Лешани во Детроит ,САД     Претседателите на комисиите за своите активности го известуваат Извршниот орган кој ги верифицира програмските активности на секоја комисија. Извршниот орган вака верифицираните програмски активности ги препратува на Собранието како највисок да донесе Програма за работа со приоритетни активности на Здружението ЛЕШОК во наредниот период.     Согласно Статутот на Здружението ЛЕШОК грб на Здружението е Црквата Св. Атанасиј во круг со полниот назив на Здружението, која е земена и во насловот на Меморандумот.   Во наредниот период ќе ги објавиме програмите за работа на Здружението, како и активностите и резултатите на Здужението како и поединечните донации и активности на членови на Здружението, пријатели на Лешок и фирми и поединци кои донирале средства или материјали или помогнале со идени и интелектуални активности.     Скопје, 14 Јуни 2004 година Претседател на Здружението Спироски Митко     

 


Скопје, Ноември 2002 год. Иницијативен одбор на
Здружението ЛЕШОК