Средба на раководството на Здружението со Војче Симовски од Детроит

Младен Мисаиловски

Во текот на јуни и Јули оваа година, нашиот соселанец Војче Симовски од Детроит престојуваше во родниот крај. Неговиот престој овде беше добра прилика раководството на Здружението “ЛЕШОК” да оствари средба на 25.06.2004 година, на која претставниците од Здружението детално го запознаа со активностите на Здружението од неговото формирање до сега и со плановите во оваа и наредните години. Посебно го запознаа со планот на Организациониот одбор на “Тетовски фолк фест 2004”ревијалниот дел на оваа манифестација која годинава е јубилејна, да се одржи во Лешок на 28.08.2004 година и со намерата во иднина традиционално да се одржува во Лешок.
Војче, пак, кој е потпретседател на клубот “ЛЕШОК” од Детроит, го запозна раководството на Здружението со активностите на Клубот , а посебно со планот за организирање пикник на иселениците од Лешок во Детроит и пошироко, во САД и Канада, на 29.08.2004 година - Голема Богородица , како и со програмата на пикникот.
Војче не го криеше задоволството од остварените резултати на Здружението. За нив тој слушнал во Детроит ,но тука лично се увери во тоа.
Од раководството на Здружението беше истакнато на средбата дека од прибраните средства на пикникот би требало да се одвои еден дел и за селото, затоа што и решавањето на проблеми на селото е исто како да се гради црква или манастир. Клубот “Лешок” од Детроит треба да се изјасни за која цел средствата се донираат, а Здружението гарантира дека средствата ќе бидат наменски потрошени и за тоа ќе поднесе детален извештај на Клубот.
На средбата, од страна на раководството на Здружението беа присутни: Митко Спироски-Претседател на Собранието на Здружението, Ацо Ацевски-Претседател на Извршниот орган на Здружението, Борчо Спироски, член на Извршниот орган, Младен Мисаиловски-член на Собранието и секретар на Здружението, и Борис Ивановски-член на Собранието.
Освен оваа, остварена е уште една средба при крај на Војчевиот престој во родниот крај, а освен тоа, заеднички присуствуваа на средбата на иселениците од полошкиот крај, која годинава се одржа во Теарце. При тоа посебно се договараше за иселеничката средба која ќе се одржи во Лешок во јули 2005 година и на која Лешаните ќе бидат домаќини.

Скопје, 26.07.2004 година. Младен Мисаиловски

Авторот на овој текст е технички секретар на Здружението Лешок и член на Собранието на Здружението.
Младен е дипломиран економист и целиот работен век го поминува во ХЕК ЈУГОХРОМ Јегуновце, а сега под името СИЛМАК.