ТЕТОВСКИ ФОЛК ФЕСТ
На пресот одржан на 11.08.2004 година во
конаците на Лешочкиот манстир, директорот
на Тетовскиот фолк Фест г-дин Томислав Стојановски
ги запозна медиумите за досегашните активности на Организациониот одбор
на фестивалот.
 |
|
Дел од организационен одбор на тетовски Фолк Фест
2004
|
Тој ги запозна новинарите дека Одборот на фестивалот
заедно со Црквата, како и Здружението Лешок и Месната заедница во Лешок,
имаат направено заеднички активности за пробивање
на кружниот пат околу Манастирот, со каналска мрежа, потоа изградба
на паркинг простор за повеќе од 500 возила, реновирање
на неколку тоалети со одводна канализација, како и други активности.
 |
|
Дел од Организационен Одбор на Тетовски Фолк Фест
2004
|
Што се однесува до фестивалскиот дел, тој ги запозна присутните дека ревијалниот
дел од фестивалот кој ќе се одржи во Лешок на 28
Август 2004 година ќе биде снимен од МРТВ
и вечерта како снимка ќе биде емитиран, додека фестивалот од 29.08.2004
година МРТВ директно ќе го пренесува.
Уметничкиот директор, Борче Брзанов ги извести
присутните дека сите подготовки се во завршна фаза и дека на првиот ден
во Лешок на 28 август ќе учествуваат 34 реномирани
пеачи кои ги даваме во Прилог на овој текст.
На фестивалската вечер во Тетово во Домот на Културата И.А Смок
на 29 Август 2004 година ќе учествуваат 25 пеачи и групи од Македонија,
кој го даваме во прилог на овој текст.
 |
|
Организациониот Одбор на Тетовски Фолк Фест 2004
во Лешок на скалите на конаците
|
Тој извести дека новите песни ќе бидат со чалгаџиска,
свадбарска, патриотска, печалбарска и љубовна содржина и се многу
певливи.
ТВ КИС од Тетово директно ќе го пренесува
на радио и ТВ фестивалот, а организирано е и гласање од слушателите и
правење на Топ листа.
Значи, се е спремно
за Голема Богородица, па затоа Здружението ЛЕШОК
Ве поканува да дојдете во Лешок и заедно да се дружиме и веселиме.
Здружение ЛЕШОК
|
|
|
|
|
Учесници на Тетово Фолк Фест 2004
|
|
|
|
Учесници на Тетово Фолк Фест во манастирскиот
комплекс во Лешок на 28.08.2004
|
ТЕТОВО ФОЛК-ФЕСТ ЌЕ СЕ ПЕЕ И ВО ЛЕШОЧКИОТ
МАНАСТИР
На 28 Август 2004 година ( сабота), а во чест на верскиот празник Голема Богородица, под падините на Шара во дворот на манастирот Св. Атанасиј во Лешок, ќе почне десетото издание на Тетово Фолк- Фест .
Утрото на 28 Август 2004 година ќе се одржи богослужба, со која ќе чиноначалствува Полошко-кумановскиот владика, господин Кирил, а во чест на големиот христијански празник Голема Богородица, а после тоа на пладнето во прекрсниот амбиент на Лешочкиот манастир Св. Атанасиј ќе се одржи ревијален концерт.
На свечениот концерт во Лешок учество ќе земат наградените песни и интерпретатори и посебно гостите ќе може да ги слушнат и најпопуларните песни кои во изминатите девет години беа изведени на Тетовскиот фолк - Фест.
Десетото јубилејно издание на Тетово фолк- Фест ќе продолжи вториот ден на 29 Август ( недела) 2004 година во Домот на културата во Тетово.
Фестивалот ќе го задржи ревијалниот карактер, при што на сцената ќе може да се чујат 24 нови композиции, а ќе можемеда ги чуеме и Јасмина Гуњова, Сузана Спасовска, Ибуш Ибраимовски, ансамблот на Стевче Стојковски и многу други популарни пејачи и фолк групи од Македонија.
Здружението ЛЕШОК ги повикува сите грагани од Македонија и посебно граганите кои се во странство да дојдат во Лешок на 28 Август 2004 година заедно да го прославиме Големиот христијански празник Голема Богородица под сенките на Лешочкиот манастир.
Комисија за дијаспора на
Здружението ЛЕШОК
|