Изменување и дополнување на Статутот
на Здружението ЛЕШОК
Здружението ЛЕШОК од своето регистрирање на 21.Ноември 2001 година работеше со Статутот кој беше изготвен при регистрирањето во Судот од страна на 5 -те основачи на Здружението. Во мегувреме Зружението растеше и се развиваше и се зголеми бројот на членовите и од тие прицини на 21. Ноември 2002 година се конститураа органите и телата на Здружението ( Собрание, Изврешен орган и надзорен орган, а се назначи и секретар на стручната служба, а се формираа и комисии).
Со оглед дека во текот на работата на Здружението се согледаа одредени недостатоци и недоречености,, Собранието на шестата седница одржана на 18.11.2003 година изврши одредни измени и дололнувања на Статутот, за што изготвивме Пречистен текст на Статутот, кој го приложуваме на увид на членовите, но најповеќе на насите сонародници во странство, за да го прочитаат и некои да се зачленат и да дадат свој придонес за развојот и растежот на Здружението ЛЕШОК, но најповеќе да сите заедно придонесеме за обновата и ревитализација на Лешок и Лешоцкиот манастир.
Претседател на Собранието
Врз основа на член 5, 20 и 76 од Законот за здруженија на граѓани и фондации (“Службен весник на РМ бр. 31/98) и член 23 и 37 од Статутот на Здружението за обнова и ревитализација на Лешок и лешочкиот манастир “ ЛЕШОК “ од Скопје, Собранието на Здружението ЛЕШОК од Скопје, на седницата одржана на 18.11.2003 година, донесе :
С Т А Т У Т
на Здружението за обнова и ревитализација на Лешок и лешочкиот манастир
“ ЛЕШОК “ од Скопје
(пречистен текст)
Член 1
Здружението за обнова и ревитализација на Лешок и лешочкиот манастир
“ЛЕШОК” од Скопје е здружение на граѓани, формирано со слободно здружување на граѓаните со потекло од Лешок без разлика каде живеат, како и слободно здружување на граѓани од Република Македонија, заради остварување, заштита и усогласување на своите интереси и уверувања, како и заради вршење на дејности и активности за учество за ревитализација на Лешок, како и за обновување и изградба на манастирскиот комплекс, а согласно Прграмата за активности на здружението.
Член 2
Граѓаните се здружуваат во Здружението ЛЕШОК , заради остварување на поширок интерес заради вршење на дејности и активности за учество за ревитализација на Лешок, како и за обновување и изградба на манастирскиот комплекс, а согласно Прграмата за активности на здружението., преку што се задоволуваат потребите од организациска, логистичка, стручна и друга помош .
Член 3
Здружението ЛЕШОК, како здружение на граѓани своите цели, задачи и дејности ќе ги остварува во согласност со односите утврдени со Уставот на Република Македонија, со овој Статут, како и со други законски норми кои ја регулираат оваа материја.
Член 4
Називот на Здружението на граѓани е Здружение за обнова и ревитализација на Лешок и лешочкиот манастир “ ЛЕШОК “ од Скопје (во натамошниот текст: Здружение ЛЕШОК ).
Скратен назив на Зружението е: Здружение ЛЕШОК.
Член 5
Седиштето на Здружението ЛЕШОК е во Скопје на ул. Васил Ѓоргов 2-а Скопје.
Здружението ЛЕШОК се организира и делува на територијата на Република Македонија.
Член 6
Здружението ЛЕШОК е правно лице.
Здружението ЛЕШОК има свој печат и штембил.
Печатот е тркалезен и го содржи името на здружението: Здружение за обнова и ревитализација на Лешок и лешочкиот манастир “ ЛЕШОК “од Скопје.
Амблем на Здружението ЛЕШОК од Скопје е скица од Црквата Свети Атанасиј од Лешок
Штембилот на Здружението ЛЕШОК е правоаголен со следниот текст: Здружение за обнова и ревитализација на Лешок и лешочкиот манастир “ ЛЕШОК “од Скопје, број, дата и место.
Член 7
Граѓаните се здружени во Здружението ЛЕШОК заради остварување на поширок заеднички интерес кои се наброени во Програмата и тоа:
1. Изготвување на Список на лица со потекло од Лешок кои живеат во Лешок и надвор, Список на видни граѓани пријатели на Лешок и Список на членови на Здружението со воведување компјутерска евиденција и тоа: име и презиме, адреса, назив на фирма, дуќан или институција и место каде работи, број на телефон дома и на работа;
2. Организирање на активности за учество во санирање на оштетените објекти;
3. Активности во соработка со разни органи за сместување на лицата кои се раселени на кои им се разрушени домовите;
4. Разгледување на можности за обезбедување парични и други материјални средства за помош на раселените лица за обновување на економските активности и за трајно враќање на раселените лица;
5. Определување на значајни дати од историскиот и културен развој на Лешок со спомен обележја ( бисти, слики, и др. на заслужни лица и датуми);
6. Учество во собирање на парични и материјални средства за обнова и изградба на манастирот Св. Атанасиј и манастирскиот комплекс во соработка и координација со МПЦ ;
7. Иницирање за прогласување Лешок за туристичка населба од пошироко значење;
8. Да се определи значаен ден на Лешок и осмислување на Програма за лешочка средба;
9. Да се иницира збратимување на Лешок со неколку села ( Галичник, Вевчани, Трново и др.) кои имаат традиција во организирање на одредени манифестации и др. ;
10. Подршка на идеи за развивање на соработка во областа на културата и уметноста со кои се афирмира и унапредува меѓуетничката соработка за културен натпревар ;
11. Подршка на идејата за издавање на Билтен, Веб сајт (на македонски и англиски) и др.;
12. Подршка на одредени активности на Црквата, Месната заедница, одбојкарскиот клуб Лешок и др. што се во врска со традицијата и живеењето во Лешок;
13. Подршка на спортски и културни активности групни или индивидуални што го афирмира Лешок и традициите на македонскиот народ од овој крај (турнири во одбојка и други спортски активности, музички и ликовни манифестации, организирање добротворни концерти на забавна и народна музика за собирање средства за учество во обнова и изградба на Манастирот и др. , издавање разгледници, календари, книги, слики, икони, фотографии и др. );
14. Други краткорочни цели и активности;
Член 8
Член на Здружението ЛЕШОК може да биде секој граѓанин кој е државјанин на Република Македонија, кој доброволно ќе пристапи кон Здружението со давање на писмена изјава.
Зачленувањето во Здружението ЛЕШОК се врши со пристапница, односно со издавање на членска книшка, која при исклучување или престанок на членувањето во здружението, задолжително се враќа.
Здружението ЛЕШОК за своите членови води регистер на членството, кој се ажурира еднаш годишно.
Член 9
Членот има право да биде биран во органите на Здружението, да учествува во работата на Здружението и да придонесува во развојот и популарноста на Здружението.
Секој член може доброволно да истапи од здружението.
Член 10
Исклучувањето и престанок од членство во здружението се остварува доколку член на здружението или на некои органи работи спротивно на целите и задачите на здружението, спротивно на актите и законските прописи, а кои ќе се утврдат со доказни материјали на дисциплинска комисија со донесување на одлука за исклучување и престанок на членство во здружението.
Член 11
Обврски на членовите во Здружението се:
- редовно да плаќаат чланарина;
- да присуствуваат на состаноците;
- да земаат конкретно учество во спроведувањето на Програмските активностите на Здружението.
- да придонесуваат во афирмацијата на Здужението и др.
Член 12
Здружението ЛЕШОК го претставува и застапува претседателот на Собранието.
Член 13
Работата на Здружението ЛЕШОК е јавна.
Јавноста во работењето се обезбедува со известување на членовите на Собир и пошироката јавност за работењето и активностите на Здружението, со увид во спроведувањето на програмските задачи, со поднесување извештај за работа на органите и телата на Здружението, за материјално- финансиското работење и друго.
Собирот на Здужението се свикува на предлог на претседателот на Собранието или на барање над 20% од членовите на Здружението.
За информирање на членовите и пошироката јавност се користи печатот, радиото, телевизијата, билтен, Веб сајтот на здружението, Собир на здружението и на други начини.
Член 14
Здружението остварува средства од:
- членарина;
- донации;
- буџет;
- провизии од органи, организации;
- заедници и од други услуги;
- од трговски друштва;
- и од други услуги ( имотни права и сл.).
Член 15
Користење и располагањето со средствата на Здружението добиени по основите од претходниот член се врши на начин утврден со овој Статут и останатите законски норми.
Член 16
За користење и располагањето со средствата одлучуваат органите на Здружението, согласно надлежностите утврдени со овој Статут, кои преземаат мерки за економско целосообразно користење на средствата и за спречување и отстранување на незаконитостите.
Член 17
Собранието на Здружението ЛЕШОК донесува годишен финансиски план за приходите и расходите на Здружението.
Финансискиот план ги содржи приходите кои се стекнуваат по член 14 од Статутот, како и расходите за општествената активност, плати на вработените, материјални трошоци за работа на Здружението и други расходи сврзани со работата.
Член 18
Со Здружението ЛЕШОК управуваат членовите и претставници на Здружението.
Во управувањето на Здружението може да се вклучат и почесни членови – пријатели на Лешок.
Права и должности на членот и претставникот се:
- да избира и да биде биран во органите на Здружението;
- да предлага решавање на прашања од заеднички интерес;
- да работи на развивање и унапредување на општествените и другите активности кои произлегуваат од Статутот, програмските цели и задачи и од усвоените одлуки и заклучоци;
- да ги спроведува во целост одредбите од Статутот и програмските активности;
- да ги застапува интересите и ставовите на Здружението;
- да бара стручна и друга помош од областа на унапредување и развој.
Член 19
Органи на Здружението ЛЕШОК се:
1. Собрание
2. Извршен орган
3. Надзорен орган
1. Собрание
Член 20
Собранието на Здружението ЛЕШОК брои 17 лица, од кои:
- 14 лица со потекло од Лешок и пријатели на Лешок;
- 1 лице претставник од Месната заедница од Лешок;
- 2 лица претставници од Македонска православна цркв ;
Член 21
Седници на Собрание свикува претседателот на Собранието.
Седници на Собранието се свикува и по предлог на Извршниот орган на Здружението или на 1/5 од вкупниот број членови на Собранието.
Ако претседателот на Собранието во рок од 14 дена од денот на дадениот предлог не свика седница, седницзта ја свикува Извршниот орган или иницијаторите.
Седница на Собранието за работа на Извршниот орган може да се свика и по предлог на Надзорниот орган.
Собранието избира Претседател и заменик на претседател од членовите на Собранието.
Член 22
Собранието на Здружението ЛЕШОК од членовите на Здружението избира Извршен орган.
Член 23
Собранието полноважно одлучува ако се присутни повеќе од една половина од вкупниот број членови.
Собранието по правило одлуките ги донесува со мнозинство гласови од присутните членови.
Во надлежност на Собранието е следното:
- го донесува Статутот на Здружението ЛЕШОК и врши измени и дополнувања на истиот;
- избира и разрешува членови на Извршниот орган ;
- избира и разрешува членови на Надзорниот орган;
- усвојува Програма за работа на Здружението за период од 4 години, операционализирано во годишните програми;
- го разгледува и усвојува извештајот за работа на Извршниот орган помеѓу две собранија;
- ја следи материјално-финансиската состојба на Здружението помеѓу две собранија;
- донесува финансиски план и усвојува завршна сметка на Здружението;
- расправа за постигнатите резултати од развојот на Здружението и дава насоки за натамошен развој на Здружението;
- донесува одлуки, заклучоци, препораки за решавање на прашања од интерес на Здружението;
- решава за формирање на ограноци на Здружението.
- врши и други работи кои произлегуваат од Статутот и законите.
2. Извршен орган
Член 24
Извршниот орган на Здружението ЛЕШОК е извршен орган на Собранието во кој секој член има еднакви права, обврски и одговорности за работењето и развојот на Здружението во согласност со Статутот.
Член 25
Извршниот орган на Здружението ЛЕШОК брои 5 члена.
Мандатот на членовите на Извршниот орган трае 4 години.
Извршниот орган од своите редови избира претседател и заменик на претседателот со мандат од 4 години.
Член 26
Во надлежност на Извршниот орган е следното:
- ги спроведува статутарните и програмските задачи на Здружението ЛЕШОК, како и одлуките и заклучоците на Собранието;
- изготвува и реализира годишна програма за работа;
- изготвува финансиски план за приходите и расходите на Здужението;
- предлага измени и дополнувања на Статуот;
- донесува правилници, заклучува спогодби и договори;
- предлага свикување седници на Собранието и подготвува материјали за седница;
- именува и разрешува секретар на Здружението;
- донесува одлуки за формирање на постојани и повремени комисии, и ја насочува нивната работа;
- организира и активно учествува во организирањето на разни акции и манифестации;
- донесува одлуки за награди, пофалници и признанија;
- донесува одлуки за набавка и отуѓување на основните средства;
- донесува Правилник за организацијата на работите и работните задачи на стручната служба на Здружението ЛЕШОК ;
- донесува одлуки по приговори и жалби;
- врши и други работи кои произлегуваат од потребите на Статутот на Здружението и од Законот.
Член 27
Извршниот орган за својата работа е одговорен пред Собранието на Здружението.
Извршниот орган се состанува и одржува седници по потреба.
Седницата на Извршниот орган ја свикува Претседателот.
Предлог за свикување седница на Извршниот орган може да поднесе една половина од Извршниот орган, една третина од претставниците на Собранието, по предлог на Надзорниот орган и секретарот на Здружението.
Со седницата раководи и претседава претседателот, а во негово отсуство заменик на претседателот.
3. Надзорен орган.
Член 28
Заради извршување на статутарните и програмските задачи и одлуки на Собранието и Извршниот орган, Собраниетоизбира Надзорен орган.
Надзорниот орган го сочинуваат 5 члена.
Надзорниот орган од своите редови избира претседател и заменик претседател со мандат од 4 години.
Надзорниот орган врши контрола над спроведувањето на одредбите од овој Статут и контрола за наменското располагање со средствата и приходите на Здружението ЛЕШОК .
Своите наоди и одлуки Надзорниот орган ги доставува до Собранието.
4. Стручна служба.
Член 29
За извршување на административно-стручни, помошни и на нив слични работи од заеднички интерес за остварување на задачите и целите на Здружението ЛЕШОК, се формира Стручна служба.
Член 30
Правата и обврските и одговорностите за работа на вработените во Стручната служба ги утврдува секретарот на Здружението ЛЕШОК во согласност со законските норми и Статутот.
Член 31
Средствата за работа на стручната служба се определуваат со Финансиски план секоја година и тоа: средства за плати, средства за материјални трошоци, средства за посебна намена за нормално извршување на функцијата.
5. Секретар.
Член 32
Со Стручната служба на Здружението ЛЕШОК раководи секретар.
Секретарот го именува и разрешува Извршниот орган согласно условите кои се утврдени со посебна одлука.
Секретарот на стручната служба во исто време е и секретар на Здружението ЛЕШОК
Секретарот правото од работен однос го остварува во Здружението ЛЕШОК, во Стручната служба, а за извршувањето на својата работа одговорен е пред Извршниот одбор.
Член 33
Права, обврски и надлежности на секретарот се:
- раководи со работата на стручната служба;
- ги извршува сите права и обврски кои произлегуваат од Законот за работни односи;
- се грижи за благовремено извршување на одлуките и заклучоците донесени од органите на Здружението;
- се грижи за правилна примена на законските прописи од областа на дејностите што ги врши Здружението.
Член 34
Здружението ЛЕШОК ќе престане со работа ако:
- за тоа одлучат членовите на Здружението;
- ако бројот на членовите се намали под бројот определен за основање;
- ако настапат причини утврдени по член 52 од Законот.
Одлука за престанок на Здружението донесува Собранието со двотретинско мнозинство.
Член 35
По престанок на работата на Здружението, имотот и другите права и приходи што остануваат по намирувањето на обврските, преминуваат во сопственост на Месната заедница од Лешок.
Член 36
Право на толкување на одредбите на овој Статут има Собранието на Здружението ЛЕШОК , а помеѓу две собранија, Извршниот орган на Здружението.
Член 37
Измени и дополнувања на овој Статут се вршат по иста постапка како и за неговото донесување.
Член 38
Овој Статут влегува во сила на денот на донесувањето.
Претседaтeл на Собрание
Mитко Спироски