| На седницата беа присутни членовите:
- од Собранието: Спироски Митко, Попоски Јастре, Коцевски Дракче, Спировски Б. Мирко, Ивановски Борис, Ристоски Стојце, Васоски Мирко, Ристоски Никола, Мисаиловски Младен, Станковски Мирко, Крстевски Димитрие и Момировски Петко.
- од Извршниот орган: сите 5 членови ( Ацевски Ацо, Коцески Мирко, Спироски Борцо, Дамјановски Дуско и Васоски Петар ).
- oд Надзорниот орган: тројца од вкупно 5 членови ( Ристовски Трпко, Тодоровски Крсто и Тодоровски Мирко ).
На седницата беа присутни мнозинство од членовите на Собранието ( 12 од вкупно 17 членови ).
Собранието работеше по следниот предлозен и од присутните усвоен
ДНЕВЕН РЕД
1. Усвојување на записникот од шестата седница на Собранието на Здружението, одржана на ден 18.11.2003 година;
2. Извештај за работењето на Здружението во 2003 година;
3. Извештај на Надзорниот орган за финансиското работење на Здружението во 2003 година;
4. Усвојување на завршната сметка за 2003 година и донесување финансиски план за 2004 година;
5. Донесување одлука за распределување на нераспределените средства по завршна сметка за 2003 година;
6. Предлог Програма на Здружението за 2004 година;
7. Разно. На седницата беше усвоена завршната сметка за 2003 година и усвоени финансискиот план и Програмата за работа за 2004 година. Во прилог на овие новини од работата на Здружението, Ви испраќаме четири фотографии од одржаната седница.
За Ваше запознавање со работата и активностите на Здузението ЛЕШОК во текот на 2003 година, Ви испраќаме основни податоци:
Остварени се финансиски приходи од цленарини и донации ( од донации на граѓани и правни лица) во износ од 566.762,00 денари што одговара од околу 11.500 USA $.
Во 2003 година се донирани и материјални средства во износ од 193.270,00 денари сто одговара на оклу 4.000 USA $.
Oд остварените приходи најповече се вложени за:
- рекострукција и изградба на патна мрежа ( над 1500 м2 ) во износ од 180.000,00 денари или околу 3.500 USA $;
- за ископ на канал за вода за пиење 48.000,00 денари или околу 1.000 USA $;
- оградување на гробиштата во Лешок ( Долно Маало) во износ од 57.278,00 денари или околу 1.150 USA $;
- помагање на Одбојкарскиот клуб ЛЕШОК во износ од 60.000,00 денари или околу 1.200 USA $;
- остатокот од средствата се наменети за тековно работење на Здружението.
Од добиените донации како материјални средства, Здружението ги насочи добиените материјали и тоа:
- на Месната заедница во Лешок ( компјутер, принтер, телефон, факс и др.);
- на Основното училиште Лешок ( компјутер, принтер, училишен прибор и мала библиотека);
- на Манастирот во Лешок ( компјутер, принтер, факс и храна и пијалоци за работниците кои работеа на обновата на разрушената црква Св Атанасиј во Лешок);
- на Одбојкарскиот клуб Лешок кој играше во финалето на купот на Македонија ( комплет дресови и др.).
Во наредните новини од работата на Здружението ќе Ве известиме детално за Програмата за работа на Здружението во 2004 година, потоа за динамиката на обновата на црквата Св. Атансиј во Лешок, за динамиката на ревитализација на Лешок, за успесите на Одбојкарскиот клуб Лешок и други моменти од живеењето на Лешаните.
Со активирањето на WEB Страната ЛЕШОК, се надеваме дека ќе бидеме многу често на страната со текстови и фотографии, а се надеваме дека и Вие од дијаспората редовно ќе ја користите и ќе се јавувате со настани и фотографии.
Веруваме дека преку WEB Страната далечината и носталгијата за ЛЕШOК ќе ги намалиме како да се наогате во ЛЕШОК и Македонија
Срдечен поздрав од
ЗДРУЖЕНИЕТО ЛЕШОК
|