ЛЕШОЧКИТЕ ЛОВЏИИ ОТСТРЕЛАА ДИВА СВИЊА НА ШАР ПЛАНИНА
Вештите раце на куварите од Бифето ОГИ во Лешок припремија одлични специјалитети
од дивата свиња за ловџиите и одбраните гости, а вкусното јадење беше
налеано со природна ракија произведена од Компанијата за дестилирање на
природна ракија РИСТОВСКИ од Лешок и со вино од Лешочките визби, со што
продолжи дружењето и раскажување на разни ловџиски прикаски до доцните
часови.Нас ни останува да Ве поканиме во Лешок, да го песетите Лешочкиот
манстир, но, да не заборавите да ги посетите Бифето ОГИ сопственост на
Стојчевски Борче или Бифето ДИДИ-М сопственост на Ацевски Живко, и сигурни
сме дека ќе поминете незаборавни моменти со вкусување на разни лешочки
специјалитети, а ние Ви советуваме никако да не го заборавете и лешочкото
тавче гравче.
Планинари во Лешок и Генов Камен на Шар ПланинаНа 24 и 25.07.20004 во Лешок имаше уште еден значаен настан. Имено, во организација на Планинарско друштво Љуботен од Тетово, во Лешок во преубавите дворови на Лешочкиот Манастир беа собрани планинари од повеќе планинарски друштва од Македонија. Во сабота навечер, на 24.07.2004 г.имаше организирано музичка манифестација.Се пееше и играше до доцните вечерни часови, а утредента, во неделата на 25.07.2004 година планинарите почнаа поход до Генов Камен, во месноста Плоча на Шар Планина. Планинарите кои прв пат го посетуваат Лешок, беа воодушевени од убавините на селото Лешок со Лешочкиот Манастир и посебно со питорескната убавица Шар Планина. Довидување до следниот поход на Шара, при што Здружението Лешок ги повикува извидниците и планинарите во Македонија оваа традиција да ја негуваат и редовно одржуваат.
|
|||||