За Здружението

 

 

 

 

 

 

“ ЗА ПРОЕКТОТ НА ЗДРУЖЕНИЕТО ЛЕШОК И МЗ ЛЕШОК ОБЈАВЕНО ВО МАКЕДОНСКО СОНЦЕ “

 

Во афирмираниот неделник Македонско Сонце бр. 553 од 4.2.2005 година објавен е текст на две страни од новинарката Ружица Гоцевска под наслов: Заборав за бруталните невремиња.
Во текстот новинарката се задржува на одобрениот Проект на СОРОС со кој ќе се истражува живото културно наследство на Лешок и соседните 12 села на Полог.
Во текстот на еден фин начин е објаснет Проектот одобрен од ФИООМ со кој ќе се истражува, открива и трајно ќе се евидентираат во публикации да не бидат никогаш заборавени.
Идејата на Проектот потекна од младите од Лешок, која беше безрезервно поддржана од Месната заедница, Здружението, Активот на жени, основното училиште и Одбојкарскиот клуб, сите од Лешок.
За реализирање на овој проект ќе биде активно вклучен и Музејот на тетовскиот крај , најмалиот етнолошки музеј на светот од Џепчиште, како и жителите од 12-те месни заедници од соседните села.



 


 

Здружение ЛЕШОК

 

ЛЕШАНИ ВО ГЕРМАНИЈА

За време на отоманската империја од Лешок и пошироко во Полог, не се забележани преселувања во соседните земји, туку може да се каже дека имало трговија, потоа разни мајстрори оделе во соседните и други подалечни земји и овие движења може да се наречат како нормални во така голема империја како што била турската империја. Иамало трговија и комуникација со Бугарија, Румунија, Србија, Грција, па дури и до Истамбул, Дамаск, Александрија, Солун, Белград и други места.
Први гурбети и иселувања од Лешок и од планинските села на Шара ( Варвара, Отуње, Јелошник, Сетоле, Једоарце и други села од Полог) се забележани после Балканските војни, а особено после Првата и Втората Светска војна. Понагласено е одењето на гурбет во Бугарија, Србија и Влашко ( Румунија ) од споменатите планински села, но, има доста заминато луѓе и од Лешок.
Ние, во овој текст ќе се задржиме на одењето на печалба ( привремена работа) во Европа и со посебно задржување на Германија, но, во други текстови во иднина ќе ги обработиме и другите европски земји.
Во поновата историја на Македонија и Лешок, познато е едно помасовно отворање на Германија за македонските работницие, кога поселе60-те години на минатиот век имаше масовни заминувања и отпочна еден процес на одење на гурбет-печалба во европските земји, а најповеќе во Германија.
По завршувањето на Втората светска војна прв на печалба заминува Божиновски Сандро од родот Мазаракои кој заминува Кан во Франција каде живее и денес. По стапките на Сандро се приклучуваат имногу други помлади генерации и отпочнат е процес кој просто нема шанси да запре. На процесот на одењето на привремена работа во странство сигурно е дека доминантна причина економската, но, ние сме сигурни дека покрај ова причина има и многу други причини кои се од друг карактер, но, ние сега на ова место нема да ги анализираме и изнесуваме. За причините и последиците од одењето на привремена работа во странство, ќе се задржиме во некоја друга прилика и со многу подлабоко налазиза и истражувања.
Значи, одењето на гурбет во соседните земји Бугарија, Рoмaнија, Србија, Хрватска по првата и втората светска војна е многу присатно, а процесот на гурбет продолжува и денес и многу млади лешани одат на современа индустриска-компјутерска печалба во Европа и САД и Канада.
Во 60-те години од минатиот век една група лешани заминуваат во Америка во Детроит и Виндзор и денес таму има преку 85 луге од Лешок и со потекло од Лешок.
Во Германија најнапред заминуваат на привремена работа: Ончевски Боре од Лалошои, Васовски Иљо од Гркои, Васовски Иљо и Јосиф од Гркои, Ристовски Гоко од Карапанџои, Јовановски Диме од Запрњеи, Јастревски Боре од Коринкои, Моловановски Божидар од Коринкои, Миловановски Трпко од Коринкои, Јастревска Љуба од Коринкои, Коцевски Васе од Костадино и Ристовски Иванче од Костадинои, Нешовска Стевана од Нешои, Ристовски Павле од Сирмини, Грковски Аце од Станкои, Васовски Ристо од Такарои, Русевски Ангелко од Ќапељанои, Горгевски Ангеле од Тошоќеи, Богдановски Димко од Цветкои, како и многу други кои не ги споменуваме, но, се мегу првите гастарбајтери во Германија и верувам дека во друг текст ќе бидат и тие споменати кога ќе обезбедиме податоци.
Повеќето од овие работници остварија пензија по основ на работа во Германија и пензионерските денови ги минат во Лешок.
Треба да се одбележи дека после оваа прва група на работници во Германија заминува втор бран и тоа после 70-те и 80-те години и денеска во Германија има преку 30 лица заедно со нивните фамилии од Лешок или со потекло од Лешок. Тука ќе ги споменеме: Божиновски Душан во Берлин ( Душан-Праник, ), браќата Јовановски Крсте ( Крсте-Баљо) и Драги Јовановски ( Драги-Гицу) во Дизелдорф, Ристовски Тодор ( Тодор-Грне) во Ахаус, Богдановски Мирко ( Мирко-Парип) во Хамбург, Ристовски Раде ( Раде-Чалам) , Васовска Тодорка во Баерих, Васовски Зоран во Баерих, Васовски Јосиф во Берхштесгаден, Васовска Мики во Берхтесгаден, Васовска Јованка во Берхстехгаден, Ерновски Мирко ( Мирко-Фона), Борка Божиновска-Георгиевска ( од Борис-Праник) во Хановер, потоа Боге-Тарзан, Душко-Попара и други кои треба да се дополни и комплетира.

Онцевски Боре, пензиониран во Германија заедно со Спироски Петре на прослава на Атанaсовден 2005 год.

Лешаните од Германија никогаш нема да го заборават Лешок и редовно доагаат за време на Божиќните или Богородичните празници, односно за време на одморот. Имено, летово дојдоа неколкумина лешани: последниве ( Раде Ристовски, Злате Ристовски, Божиновски Душан, и други ). Веруваме и очекуваме дека повеќето лешани од Германија, Америка и другите европски земји , ќе дојдат на иселеничката средба која ќе се одржи во средината на јули 2005 година, на која лешаните сме домаќини.
Веруваме дека не само лешаните, туку и сите македонци кои се во Америка и Европа, односно македонците од Полог, дека ќе ги планираат годишните одмори и ќе дојдат со фамилијата во Лешочкиот манастир, кога се планира да се доврши и свечено до крајот на јули 2005 година да се освети црквата Св. Атанасиј, која беше разрушена од вандалите во 2001 година.
Ви испраќаме Список на Лешани во Германија, со молба да го дополните се точна адреса за секого и да го доставите до Здружението Лешок на E-mail: lesok@mt.net.mk.
Очекуваме дека после овој текст и фотографии на Веб страната на Здружението Лешок: www.lesok.org,mk , да се јават Лешаните со свои текстови, предлози, фотографии и сл. до Здружението Лешок.


Текст: Митко Спироски-прет. на Комисијата за Дијаспора

 

ЛЕШАНИ ВО АМЕРИКА

Уште во почетокот на минатиот век од Лешок отпочнал процес на одење на гурбет-печалба.
Прв на печалба во Америка отишол Микаељ од родот Мазаракои и тоа после првата светска војна.
Интересно е дека и неговиот син Сандро по завршувањето на Втората светска војна заминува во Кан во Франција каде живее и денес.
Инаку, често е одењето на гурбет во соседните земји Бугарија, Румунија, Србија, Хрватска по првата и втората светска војна, а процесот продолжува и денес и многу млади лешани одат на современа индустриска-компјутерска печалба во Европа и САД и Канада.
Во 60-те години од минатиот век заминуваат во Детроит Ѓорче Филиповски- Такара, Томе Качовски, Душан Синадиновски-Азабан и други. Процесот на одење на лешани продолжува до денес и во Детроит и Виндзор формираат своја колонија и денес таму има преку 85 луге од Лешок и со потекло од Лешок.
Лешаните во Америка имаат формирано Клуб ЛЕШОК со седиште во Детроит и активно се дружат и комуницираат. Веќе неколку години со ред по повод Голема Богородица ( 28 Август ) се собираат на Пикник во Детроит и таму ја продолжуваат вековната традиција за славење на Богородица во Лешок и Лешочкиот манстир.
Лешаните од Америка никогаш нема да го заборават Лешок и неколкумина дојдоа последниве три години ( Војче Симовски, Дејан Кировски, Славко Коцевски, Душан Синадиновски, Благе Ристовски, Христе Божиновски, Тодор Блажевски и други ). Овие денови во својот Лешок со фамилијата дојде дома и Христе Божиновски-Јуре, кој во Лешок ги прослави Божиќните и Новогодишните празници, а остана заедно да го прославиме и празникот Св. Атанасиј-зимски на 30 Јануари 2005 година.
Веруваме и очекуваме дека повеќето лешани од Америка и Европа, ќе дојдат на иселеничката средба која ќе се одржи во средината на јули 2005 година, на која лешаните сме домаќини. Посебно, веруваме дека не само лешаните, туку и сите македонци кои се во Америка и Европа, а посебно македонците од Полог, дека ќе планираат и ќе дојдат со фамилијата во Лешочкиот манастир, кога се планира да се доврши и свечено до крајот на јули 2005 година да се освети црквата Св.

Атанасиј, која беше разрушена од вандалите во 2001 година.
Кон овој текст внесуваме фотографии од престојот во својот Лешок на Војче Симовски, Тодор Блажевски, Христе Божиновски, а внесуваме и фотографија од Пикникот на Лешани на Голема Богородица во Детроит од 28 Август 2003 година.
Ви испрацаме Список на Лешани во Америка и со молба да го дополните се точна адреса за секого и да го доставите до Здружението Лешок.
Очекуваме дека после овој текст и фотографии на Веб страната Лешок, да се јават Лешаните со свои текстови, предлози, фотографии и сл. до Здружението Лешок на e-mail: info@lesok.org.mk

 

Божиновски Христе, Атанасовден 2005
Тодор Блажевски, 27 Август 2005 во радио емисијата Глас од Татковината
Тодор Блажевски во родниот Лешок, Богородица 2005 година

 

Лешаните на пикник за Богородица на 28 Август 2003 година во Детроит

Комисија за дијаспора - претседател Митко Спироски

 

 

СПИСОК НА ИСЕЛЕНИЦИ ОД с.ЛЕШОК во САД и КАНАДА

1. Душан Сибиновски ----313 278-5687
2. Ѓорче Филиповски -----734 459-7355
3. Раско Војновски -----586 939-5776
4. Тодор Блажевски -----
5. Митко Трпковски -----586 979-3908
6. Чедо Димитриески -----586 254-7628
7. Ѓорче Димитриески-----586 778-2701
8. Митре Димитриески ----313 365-8909
9. Блаже Ристовски -----586 731-9059
10.Петко Анѓелковски -----586 286-9103
11.Јордан Анѓелковски----519 735-8307
12. Љубе Анѓелковски ----519 944-0212
13 Ване Трајковски ------586 786-0618
14. Јове Васоски ------519 735-5495
15. Јове Ристовски ------519 735-7257
16. Томче Качовски ------313 571-1802
17. Трпче Аврамоски ------734 981-6458
18. Ванчо Божиновски -----586 463-2195
19 Војче Симовски -----586 264-4727
20. Сашо Момировски ----586 296-6907
22.Славчо Коцевски ----586 795-1751
23. Деан Кировски ------734 727-4933
24. Кире Петровски ------734 727-0835
25. Бошко Ристовски ------

 


 

ПРОГРАМА
НА АКТИВНОСТИ НА ЗДРУЖЕНИЕТО ЛЕШОК
ЗА ВРЕМЕ НА ГОЛЕМА БОГОРОДИЦА

 

ПЕТОК, 27 Август 2004 г.

1. Промовирање на ВЕБ страницата www.lesok.org.mk, штандот на Здружението ЛЕШОК и Монографијата ЛЕШОК од 18,00 до 18,30 ч.

2. Учество во емисијата во живо на Радио Македонија - Глас од татковината и интернет пренос (до сабота наутро) од 22,30 до 05,00 ч.

 

САБОТА, 28 Август 2004 г.

1. Ревијално летање со параглајдери од месноста Плоча на Шар Планина со слетување во Лешок од Летачкиот клуб Љуботен од Тетово од 12,30 до 13,00 ч.


2. Продолжување со општо народната веселба со исполнување народни песни во живо на групата ИЗГРЕВ од Тетово од 21,00 до 24,00 ч.

 

НЕДЕЛА, 29 Август 2004 г.

1. Интернет пренос во живо Лешок со Детроит преку Веб страната на Здружението Лешок www.lesok.org.mk преку АДСЛ линија на МТ НЕТ на Македонски телекомуникации и преку Видео Бим на Инфо медија Скопје од свечената вечера по повод Голема богородица организирана од Клубот Лешок од Детроит (недела рано сабајле) од 01,00 до 02,00 ч.
2. Интернет пренос ( снимка ) од празнувањето на Голема Богородица во Лешок за време на Пикникот во Детроит, организиран од Клубот Лешок од Детроит од 20,00 до 22,00 ч.


Скопје, Август 2004 год. Здружение ЛЕШОК


Забелешка: Програмата на активностите на Здружението ЛЕШОК е во кординација и како надополнување на програмските активности на Црквата и организациониот одбор на Тетовскиот фолк Фест, а по повод големиот православен христијански празник Голема Богородица, кој ќе се одржи во Лешок.
Саатнината е по македонско време.